Проф. Шарламанов: Популистите не ги сметаат сите за „народ“ – за нив се „народ“ оние кои ги поддржуваат

You must need to login..!

Опис

Речиси две третини од популацијата во Македонија веруваат во теории на заговори, се за поцврста рака на владеење, покажува поледната анкета на Социетас Цивитас.

-Првичните впечатоци ми се дека постојат претпоставки за равој на популизам. Но, тој тренд не е карактеристичен само кај нас туку и во Европа. Незадоволството повлекува потреба за поддржување на популизам кој подразбира авторитаризам. Тоа не е поврзано со идеологија, има лев и десен популизам. Но има разлика што е дискурзивен популизам – оди на ниво на приказна за да им се допадне на гласачите пред избори.

-Но, идеолошкиот популизам е посериозен, тука имаме идентификација на народот како кон колективен субјект кој е монополизран. Популистите не дозволуваат другите да му се обраќаат на народот. Тоа има елементи на укинување на либералноста во обраќањето. Популистите сакаат народот да решава преку референдуми, вели за Утрински брифинг проф. Кирил Шарламанов, од Меѓународен балкански униврзитет.

Онаму каде што послабо функционира демократијата се појавува популизам. Онаму каде има константни поделби исто така се појавува популизам. Во 19 век тие се настанати поради класите. Денес не е така. Денес повеќе е важен конзумеризмот отколку класната поделба, коментира проф. Шарламанов.

-Во постиндустиското општество, денешната економија повеќе е ориентирана кон услуги, вели тој и додава дека идентитетот се гради виртуелно.

-Постои конфузија, многу аналитичари велат дека денес живееме во флуидно општество, немаме класични политички партии и класни поделби. Првите се повлекуваат, а вторите се или популистиили се приклонуваат кон зелените, вели проф. Шарламанов.

Класичните медиуми за да произведат информација треба да следат цела хиерархија, но денес социјалните мрежи овозможуваат секој да биде сам за себе медиум. Ова е предуслов за развој на теории на заговор.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × one =