Проф. Трајковски: Пикот е достигнат, деновиве ќе следува намалување на бројките на заразени – единствен спас е вакцинацијата

You must need to login..!

Опис

Врз основа на ефективниот репродукционен број може да се прават сите останати прогнози на темпото на зголемување нна дневните бројки, денот на достигнување на врвот, како и темпото на намалување на бројките. Преносливоста мометално е под еден, односно секој заразен во просек заразува помалку од еден односно 0,99%, што претставува забавување на растот на дневните бројки, изјави во Утрински брифинг Дејан Трајковски, професор на УКЛО.

Пикот, односно врвот на заразувањето бил достигнат околу 31 март, што тогаш не можеше да се види, мораше да помине извесно време. Максимална дневна бројка на новодијагностицирани имавме на 30-ти март со 1.502 нови случаи. Оттогаш се забележува извесно плато, стагнација на растот а деновиве треба да забележиме секојдневно поголемо намалување, вели професорот Трајковски.

Кога јас би се прашувал овие мерки требаше да бидат донесени уште пред два месеци, односно со доаѓањето на британскиот сој на вирусот во Македонија. Мерките се презадоцнети, иако никогаш не се излишни. ДОколку мерките беа донесени пред два месеци, дневните бројки немапе да се искачуваат толку високо и стрмно. Ќе имавме понизок, но поразлеан тип, бран, на повеќе месеци. Тоа е подобро заради капацитетите на болниците, но никогаш немаше да се доведеме до ваква ситуација – трка со времето. Се разбира никогаш не е доцна воведување на дополнителни мерки. Воведување на лок даун за Велигден би било како една превенција да се спречи групирањето на луѓето и одновно разгорување на епидемијата. Но не знаеме како ќе се одлучат нашите здравствени власти, вели Трајковски.

Инаку, последните мерки беа донесени практично два дена после врвот на заразувањето, што не е од некаква корист. Здравствените власти очигледно се раководат само со бројот на хоспитализирани. Упорно како да се форсираше што побнрзо заразување и поминување на врвот, а како што видовме тоа дојде до претрупување на болниците, смета Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − seventeen =