Проф. Трајковски: Омикрон сојот се шири многу побрзо од останатите, најверојатно нема да биде и последен – бројките на заразени ќе се искачуваат уште наредните три недели

You must need to login..!

Опис

Иако неодамна се појави, можно е Омикрон за брзо време да стане доминантен вид, велат научниците. Единствената добра работа во целата приказна, се чини, е тоа што не предизвикува толку тешки симптоми како претходните соеви.

Кај нас не така одамна беше регистриран првиот случај и од тогаш бројките на новозаразени почнаа да бележат рапиден раст. Иако кај нас се уште за доминантен се смета делта сојот изгледа ваквата слика ќе се промени за многу кратко време.

Но што ќе донесе новиот сој, дали вакцините ќе дадат одредена заштита, кога би можел да се очекува пикот, што велат досегашните статистики, е на овие теми во Утрински брифинг разговаравме со професорот по теоретска механика Дејан Трајковски.

-Сосема очекувано беше бројките да бидат над 1.000 случаи на ден. Најновите пресметки покажуваат дека Омикрон сојот во популацијата на вируси е над 50%. Денеска сигурно апсоулутно доминира – над 70% во моментов.

-Репродукцискиот број кој што е мерило на преносливоста на вирусот е над 1, што е најдобар индикатор дека Омикрон сојот се шири. Малку ја корегирав пресметката, според еден важен податок – серискиот интервал на вирусот кој што според корејските научници е скратен на само 2,2 дена.

-Ако оригиналниот Вухански сој имаше сериски интервал од 4 дена, сега имаме два дена. Тоа значи дека од покажување на симптоми на заразувачот до покажување на симптоми на заразениот поминуваат само 2,2 дена, што значи дека заразениот побргу заразува други.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =