Проф. Трајковски: Краткотраен локдаун драстично би ги намалил бројките

You must need to login..!

Опис

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, од почетокот на епидемијата континуирано дава пресек на состојбата со Ковид 19, според бројките на заразени, оздравени и починати.

Ефективниот репродукционен број Rt да стане точно единица, денот кога во просек нема ни забрзување, ни забавување. Веста е добра затоа што не се движиме кон влошување, но лоша е затоа што токму денеска средната дневна бројка на новодијагностицирани поминува преку максимумот, точката на најголема болка, како што Сонцето преминува низ зенитот пред да започне да се спушта.

Со таа разлика што спуштањето во случајот на епидемијата нема да оди со истото темпо како при искачувањето, туку како што анализиравме повеќепати, околу два до три пати побавно. Единечната вредност за Rt доаѓа истовремено и со израмнувањето на кривата на активните случаи , но и максимирањето на средниот дневен број на починати, којшто моментално изнесува 29,6 . Оваа бројка (поточно околу 30) беше предвидена уште пред 15 дена, со земаше во предвид на просечното времетраење од дијагностицирањето до смртниот исход во третиот бран на епидемијата.

Слично како за средниот дневен број на новодијагностицираните, не се очекува понатамошен раст на средниот дневен број на починати, иако поради нормалните статистички флуктуации веројатно ќе има по некој ден и со 40 починати.

Околу воведувањето на тотален локдаун, Трајковски вели дека моментано состојбата со заразеност и колективниот имунитет на населението, колку и да е минимален, како и дејствито мна мерките е точно доволно да спречи раст на бројките. Значи ако денес имаме 1.00 нови случаи после четири и пол дена пак ќе имаме 1.000. Или ако денес имаме 300 или 400, после четири и по дена пак ќе иаме четиристотини. Краткотраен локдаун во траење од 4 дена, од петок до понеделник би ги намалил бројките, како што видовме за Велигден кога имамвме драстично намалување и тоа би се одржувало, вели Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − one =