Проф. Трајковски: Да имавме поголема стапка на вакцинација немаше да треба да се грижиме

You must need to login..!

Опис

-Делта сојот стаса порано кај нас, а некаде веќе и заврши како во Гостивар на пример. Забележуваме дека во последните два дена почна да се намалува ефективниот репродукциски број. Не верувам дека ќе запре преносливоста на вирусот затоа што имаме олеснување на мерките и отворање на објектите. Можеби овие два дена трендот се должи на намалување на бројот на тестирања. Но, стапката на позитивни тестови сепак не се намалува, изнесува некаде околу 16%. Треба да почекаме неколку дена да се стабилизира бројот на тестирања, а јас очекувам зголемување, не драстично, но зголемување на бројот на заразени, изјави за Утрински брифинг Дејан Трајковски, проф.на УКЛО.

-Ефективноста на вакцините го прикажува намалувањето на ризикот од заразување и ризикот од смртност кај заразените. За жал, ефективноста на заразување е голема, но смртноста е намалена кај вакцинирани лица. Ние имаме премал опфат на вакцинирани лица. Да имавме опфат од околу 70% тогаш немаше да треба да се грижиме.

Д-р Пановски вели дека младата популација одамна го има прележано вирусот и дека затоа не се шири масовно вирусот во таа популација.

-Вакцините ја намалуваат смртноста со тоа што ја намалуваат веројатноста за хоспитализација. За жал Македонија е прва во светот по број на починати. Ние веќе немаме со кого да се споредуваме, го надминавме бројот од 6000 починати, кој го имаше Перу но таму трендот престана. Особено е алармантен бројот од 61% хоспитализирани со делта сојот што починале.

Целиот разговор и анализа погледнете ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + seventeen =