Проф. Трајковски: Врвот на заразата се очекува во април, потребни се порестриктивни мерки

You must need to login..!

Опис

Сето ова разгорување на пандемијата си има своја предисторија, така што воопшто не сум изненаден од ваквиот развој на настаните. Уште кога беше регистириран британскиот сој на вирусот во Македонија, ги направив првичните проекции за приближниот датум на изедначување на британскиот со остантите соеви на вируси. Според тогашните пресметки изедначувањето се случи според зацртаната динамика. Но место тогаш да се реагирташе, по наш обичај, прво чекаме да случи па да се реагира. Ова реагирање е прилично млако, така што се оди на стратегија на контролирано заразување и прележување без никакви активни мерки, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола и додава дека полицискиот час би требало да биде порестриктивен, да има затворања барем од 18 часот.

Дневните бројки на заболени од КОВИД 19 ќе растат уште две недели, а во почетокот на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а од средината на следниот месец, бројот на позитивни ќе се намалуваат.

-Доколку се остане вака како што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден. во пикот би имале 1.100 во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1300 и 1400 нови случаи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4400 тестирања на ден, а за да моижеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне, вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на техничкиот факултет во Битола.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 − 5 =