Проф. Тодороска: Најавената квази реформа во образованието е обезличување на македонскиот народ

You must need to login..!

Опис

По официјалното промoвирање на Концепцијата за основно образование од Министерството за образование и наука, дел од научниот и професорски кадар на Институтот за национална историја, како и поранешни директори и прoфесори во пензија, го изразија својот став на неприфаќање на предложениот модел на системско реформирање на основното образование, кој се однесува на спојување на предметот историја во новокреираниот предмет „општествени науки”.

Аномолијата не е само во образовната т.н реформа. Ова не е реформа, ова може да се нарече обид за квази реформа или пилот, да се испита пулсот на народот до каде може да оди во неговото обезличување. Ова е обезличување на македонскиот народ. Кога почнаа оние преговори со Бугарија рековме дека е крајно неадекватно да се формира една комисија која ќе задира во историјата, односно во националната историја и која што ќе допира во образовниот процес каде ги калите, создавате идните кадри во државата. Ефектите од таа Комисија ги видовме. Вие да зборувате за еден национален деец (Гоце Делчев) говорејќи само врз основа на некој си моментален порив и потреба да кажете дека сте многу добри пријателчиња со Бугарите кои сакаат да не обезличат или да избришете дека не биле фашисти а биле, значи сето она кое сакате вие да го покажете како пријателски подадена рака од друга страна ви се сече. Ако веќе ви ја изгориле раката вие треба да се сетите дека нема зошто да подавате рака натаму, требаше во истиот момент кога тие го направија ветотот, да се каже дека црвената линија не ја поминуваме, изјави за Утрински брифинг професорката Катерина Тодороска од Институтот за национална историја и додава дека реформата во образованието доаѓа од барањата на бугарската страна.

-Кога ќе излезе една ваква квази реформа, тоа е обид да се згазне на целото образовно ткиво. Ќе си дозволам да кажам дека Мила Царовска е најдобриот пример дека нашите ученици не размислуваат. Таа ако не може да сфати дека цела интелектуална јавност се крена против ова која што таа го нарекува реформа, таа е најдобар пример дека ни е потребна реформа.

Целиот разговор со проф.д-р Катерина Тодороска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 5 =