Проф. Тодоров: Комисијата за историски и образовни прашања треба да ја рестартира својата работа и да се постави на нови, поздрави основи

You must need to login..!

Embed Code

Опис

-Во Бугарија повеќе се говори за Тито отколку кај нас, иако Тито бил личност, персонификација на власт во Социјалистичка Македонија. Ова прашање може да се анализира во повеќе аспекти. Има некое толкување дека Захариева неколку пати го повторува Тито, со цел да предизвика кај нас реакции каде би испаднале поголеми бранители на Тито отколку на Гоце Делчев. Но тоа се е на база на претпоставки за кои ние не можеме да утврдиме дали е така или не. Она што мене ме загрижува, во однос на тие толкувања на историската улога на Тито, е тенденцијата која постои во источна Европа да се порамнуваат тие социјалистички режими со фашистичките и нацистичките режими. Овде се крие една голема опасност затоа тоа често се користи за да се релативизираат или глорификуваат злосторствата за време на Втората светска војна, изјави во Утрински брифинг историчарот проф. д- р Петар Тодоров член на меѓудржавната комисијата за историски и образовни прашања.

-Парадокс е тврдењето дека Тито е исто што и Хитлер. Тоа е историски ревизионизам во смисла на негација на она што се случило. Тоа е опасност затоа што како што и светските медиуми пишуваат по смртта – Тито е едниот од четворицата светски лидери во борбата против хитлеровата коалиција, вели Тодоров и додава дека може да се говори дали Тито бил диктатор или не, но да се порамнувате со Хитлер е во најмала рака неумесно и навредливо.

Говорејќи за работата на комисијата Тодоров вели дека политичките влијанија се штетни и секоја политизација на работата на Комисијата водела кон проблематизирање и потешкотии во давање на резултати со кој би се дошло до заедничката цел – градење на добри односи.

Гледаме дека има слични мислења кај бугарската страна – на ниво на министри и членови на комисија. Но, за оваа работа да успее, политиката мора да се тргне на страна, да не влијае, да не го политизира проблемот, односно да создава атмосфера и услови каде ние ќе можеме како експерти да работиме и како експерти да носиме резултати врз основа на експертизата која ја поседуваме. А ако носиме политички одлуки во однос на толкување на минатото тогаш ништо не сме направиле. Јас тука ја гледам улогата на политиката, да создава услови, независно дали е позиција или опозиција. Никако не смее да се наметнува еднонационален наратив врз друг, бидејќи така ќе нема решение туку услови за создавање на уште пожесток спор и недарозбирања, вели Тодоров.

Мислам дека Комисијата треба да ја преобмисли својата досегашна работа и да бара начини да ја рестартира својата работа и да се постави на нови, поздрави основи, смета Тодоров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + twenty =