🎥📞 Проф. Стојанов: Кога заедницата повикува на солидарност тоа подразбира сите да изгубиме по малку, за потоа сите да добиеме

You must need to login..!

Опис

Оваа вонредна состојба јас ја нареков и филозофска состојба, е кога се соочувате самите со себе. Не бадијала психолозите предвидуваат дека на крајот од оваа пандемија ќе излезат многу несакани состојби. Тука е филозофското око да ги промисли овие работи, вели универзитетскиот професор Трајче Стојанов.
-Јас не сум целосно на линијата дека оваа состојба ги суспендира човековите права и дека е против Уставна. Точно е дека Македонија и неколку земји од регионот воведоа мерки со полициски час, но чинам дека тоа имаше оправдувања од неколку причини.

Не можете да гледате ригидно и да кажете дека воведувањето на вонредната состојба и полицискиот час ги дерогира целосно правата и слободите на луѓето и дека тоа е уникатно за Балканот и Македомниај и дека влегуваме во нова авторитарна фаза.

Мора да го гледате склопот на околности. Во Нов Зеланд беше затворена целата индустрија и стопоанство. Во милијарди се броеја штетите. Но секоја земја си ги дизајнира мерките имајќи ги предвид сопствените капацитети, вели универзитетскиот професор Трајче Стојанов.

Целиот разговор со професорот Стојанов погледнете го во видеото:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 2 =