Проф. Стојановски: Миграциските бранови стануваат реалност и треба да се навикнеме да живееме со тоа

You must need to login..!

Опис

Треба да се навикнеме да живееме со тоа дека миграциските бранови ќе се случуваат секогаш последователно на одредени воени жаришта. Во последниве 2-3 децении доволно е да се потсетиме на она што се случуваше во Ирак, Сирија, Авганистан. Кога имате жариште кое подразбира сериозна загрозеност на човечките животи тоа подразбира и одредени миграциски текови. 2015 година беше специфична по многу белези, со сите последици, стануваат реалност. Миграциската тема е главна тема на секои избори во светот, во ЕУ, кај нас и веројатно дека треба да се навикнеме дека покрај транснационалниот организиран криминал, миграцијата станува жешка тема на која што секогаш може да се добијат поени во очи на одредени избори, изјави во Утрински брифинг професорот Трпе Стојановски.

Ова што се случуваше во Авганистан е случај кој што е карактеристичен само по себе, каде што после 20 години на сојузничките сили се случи колапс и сега се уште таму постојат вакуум простори кои што може да се нагаѓа што ќе се одвива понатаму, секако со најчесто неубави последици.

Миграциските бранови треба да се претпостави дека ќе следат. Веројатно сега ова е период на свежа ситуација, запоседнување на територијата опред се од Талибанците, но таму и други сили кои се борат за превласт и тоа уште порадикални.

Целиот разговор со професорот Трпе Стојановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 16 =