Проф. Славески: Курсот на денарот е стабилен, банките ликвидни

You must need to login..!

Опис

Не би рекол дека биле лути противници Пендаровски и Мицкоски. Најверојатно немаше соработка. 27 април 2017 година не е единствен мотив за инстантното прифање за средба. Ние имаме парлментарен систем и претседателот има релативно ограничени ингеренции. Македонија е длабоко поларизирана држава, општество. Нетрпението помеѓу Македонците кои што со години ескалира е безбедносно прашање. А безбедносните прашања по дефиница се под надлежност на претседателот. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за осудените за настаните од 27 април е познат. Не наоѓаме причини тие да бидат осудени како терористи, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Трајко Славески и додава дека средбата помеѓу Пендаровски и Мицковски е охрабрувачки потег од кој што ќе има реални и видиливи ефекти во намалување на поларизацијата во македонското општество.

Говорејќи за можноста за раст на цените на пазарот и дали тоа е индикација за можноста од инфлација и намалување на куповната моќ или се работи за пренесување на сегашната економска ситуација поради дестабилизацијата на светските и домашните текови, проф Славески вели дека се испреплетуваат важни настани кои што влијаат на она што сега е исход и очекувања во јавноста.

И да не се случеше оваа пандемија која предизвика пад на БДП и влез во рецесија, беше за очекување цените во Македонија да почнат да растат. Во изминатите неколку години владата на СДСМ водеше политика на агресивен притисок за зголемување на платите. Платите растеа со механизмот на зголемување на минималната плата, тие растеа во услови кога опаѓаше продуктивноста на трудот, продуктивноста во економијата и нема тука мистерија – доколку повеќе трошите од тоа што произведувате, со тек на време ќе дојдеше до ползечкиот раст на цените. Со настапот на кризата, пандемијата, како и во претходната криза во 2008-2009, кога паѓа економската активност паѓа и куповната моќ на слоеви на неселението, тоа го ублажува ефектот за порастот на цените, бидејќи економските кризи се пратени со дефлација, не со инфалција, но во исто време светската пандемија предизвика големи проблеми во функционирањето на светската трговија, што од своја страна предизвикува проблеми на страната на понудата кое влијае на инфлацијата, вели проф. Славески.

Инфлацијата ќе влијае на очекувањата на луѓето. Кога очекувате дека тие ќе растат, тогаш тие ќе растат сами по себе. Првиот податок за инфлацијата е највисока во последните десет години, со можност за натамошен раст. Она што ги засега најголемиот број на граѓаните, особено оние со пониски доходи и претставува сериозен проблем за нивниот стандард е растот на цените на храната. Може да очекуваме натамошен раст на цените, но далеку дека инфлацијата ќе излезе надвор од контрола. НБРМ има инструменти, одговорот ќе биде спречување на излегување на инфлацијата од контрола, но тоа ќе значи забавување на економсккиот раст, пораст на каматните стапки, смета проф. Славески.

Во оваа пандемиска рецесија имаме среќа или поволна околност од економска гледна точка заради две работи. Прво меѓународните финасиски институции, за рзлика од 2008-2009 ништо не помогнаа, сега имаше значителен робустен одговор. Целосно ги сменија парадигмите. Дојдоа значителни средства и како помош и задолжување со ниски камати. За разлика од претходната криза ние имаме многу мал дефицит во она што го нарекуваме тековна сметка на платниот биланс. Одлив и прилив на девизи, вели проф Славески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + three =