Проф. Секирарска: Генерално ми се допаѓа идејата за дигитализација на образовниот систем, но треба да се биде многу внимателен, ни недостасуваат образовни политики

You must need to login..!

Опис

Реформските зафати кои се во тек, предизвикуваат тектонски измесувања во целиот образовен систем. Има рекации кај професорите, јавноста, родителите, се пишува за тоа. Она што би можела да кажам за најавата за дигитализација на учебникарството – мислам и многу имам пишувано и целосно стојам зад тоа дека генерално пунктот учебникарство треба да подоложи на ревизија. Години наназад фелата реагира дека се уште има низа учебници кои апсолутно го дерогираат воспитно-образовниот систем по сите критериуми, со неточни податоци, деформирани аспекти кои сигурно ќе внесат забуна и контаминација кај младите. Познати се таквите примери на кои мора да се обрне внимание, изјави во Утрински брифинг проф. Елизабета Секирарска и додава дека многу треба да се обрне внимание на содржинскиот дел на самите учебници.

Околу нивната форма – ова е сигурно чекор напред. Генерално мене ми се допаѓа, но морам да го видам резултатот, барем еден учебник како пилот модел да биде понуден. Од тоа што читам, само прво, второ и трето ќе имаат хартиена форма на учебници, а од четврто нагоре, заедно со средните училишта ќе користат учебници во дигитална форма.

Може да земеме со резерва дека е чекор напоред, мислам дека треба можеби да се подразмисли малку и да се направи анализа дали сме подготвени за такво нешто, дали сите деца би имале пристап. Генерално ми се допаѓа идејата, но треба да се биде многу внимателен. Можеби една опција би било да има резервни учебници во хартиена форма, вели проф. Секирарска.

Точно е дека нештата кога ги имате во дигитална форма може да менувате. Потребно е перманетно постоење на стручна фела која кќе ги следи промените и ќе држи чекор. Содржински гледано тоа тртреба да бидат стручни лица кои ќе прават промени, а тоа нема да бидат тектонски. Ќе треба да се внимава кои промени ќе треба да се прават, кога, зошто и како, додава Секирарска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =