Проф. Раткоцери: Злоставувањата на децата во Прилеп и „Јавната соба“ се доказ за општествена декаденција и немоќ на институциите

You must need to login..!

Опис

Ние како правници го употребуваме изразот злоупотреба на малолетни деца. Другиот израз е пеофилија, но треба да се знае дека тоа е повеќе дијагноза, односно лицето е дијагностицирано од педијатар или псиихологот. Педофилот е е еден вид на злоупотребувач на деца. Стапката не рецидивизмот е многу голема, биудејќи повеќето дела се вршат континуирано, но според нашиопт кривичен законик тоа се смета за продолжено кривично дело, изјави во Утрински брифинг проф. Ведије Раткоцери.

Педофилијата се смета, според критериумите на дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања е личност која фантазира и доживува сексуална возбуда кон деца, од прилика до 14 годишна возраст. Ова го викаат психолозите. Значи педофилијата е наведена како ментално нарушување. И доколку е ментално нарушување, од овие лица ние не може да очекуваме дека затворот ќе ја врши својата функција, односно да ги рехабилитира. Тие лица штом ќе излезат од затвор веродостојноста да го повторат делот е многу голема, скоро 90%, доколку не се применува нешто кон овие лица. Тоа нешто е медицински третман, но за да биде успешен овој третман тој треба да биде заедно спроведен со психолошки и психијатриски третман, вели Раткоцери.

Кастрацијата не се спроведува. Се работи за хемиска кастракција, медицинско-фармаколопки треретман. Континуиран процес со медикаменти каде се истиснува либидото, нагонот на човекот. Во регистарот има скоро триста регистрирани педофили, но не се во оваа бројка само оние кои сториле кривично дело сексулана злоупотреба на деца под 14 годишна возраст, туку тука има лица кои вршат кривично дело детска порнографија итн…

Треба да се има предвид дека овие лица се во потрага по деца. Не се многу чести случаите каде бараат дете што не го познаваат. Има ситуации каде роднина, или учител е закан за твоето дете. Тоа е проблемот со педофилијата, се работи за лица кои се во кругот на детето што ги познава, па имаат можност да се закануваат и детето со години да не го каже проблемот, вели Раткоцери.

Институциите да ја вршеа работата како што треба, јас верувам дека и состојбата со педофилијата и злоупотребата на малолентиците во нашата државата би била поинаква. Имаме некои работи кои треба да се изменат и во законикот и во законот за извршување на кривичните санкции и во начинот како се третираат овие случаи. Тука треба да работи цел систем. Да бидат и родителите свесни и институциите и сите кои се компетентни да ги заштитуваат нивните правата. И излегува дека во овој круг нешто не било во ред.

Целиот разговор со професорката Раткоцели погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 2 =