Проф. Пановски: Протоколите за терапија и лекување во ковид-центрите се почитуваат, кризна состојба е сите мора директно да се вклучиме и да помогнеме во борбата со вирусот

You must need to login..!

Опис

Универзитетски професор по микробилогија проф. д-р Пановски на покана од министерот за здравство, Венко Филипче ги посети ковид центрите на Интерните клиники, по што изготви стручно мислење во кое пишува дека протоколите за терапија и лекување на ковид пациенти се почитуваат, во ковид одделенијата има стручен лекарски тим и центрите се солидно организирани.

Професорот во дописот позитивно го оценува менаџирањето и стручноста на проф. д-р Дејан Докиќ кој е назначен за координатор на ковид центрите на Интерни клиники.

-Јас го испратив извештајот и дадов свое мислење. Јас сум стручен исклучиво за антибиотици само таа терапија ја гледав врз основа на клиничката слика, ренген, комјутерска томографија и лабораториски наоди. Но прошетавме по клиниките и многу позитивно се изненадив како сите добро функцинориаат и работат координирано под водство на пулмолог.

Доктор Пановски посочува дека освен во ковид-центрите на Интерните клиники, треба да се провери како се организирани ковид-центрите во внатрешноста. Во однос на терапијата и антибиотиците кое се даваат како лекување, професорот потенцира дека она што се дава во ковид – центрите во Скопје, треба да се дава и во центрите во внатрешноста и додаава дека можно е помалку искусните лекари од страв да даваат лекови во поголеми дози и мислејќи дека му помагаат на пациентот, го прават обратниот – му штетат.

Целиот разговор со проф. д-р Пановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 5 =