Проф. Наков: Проекцијата за намалувањето на македонската економија е најмала во споредба со сите други земји од опкружувањето

You must need to login..!

Опис

Ако сите меѓународни анализи за влијанието на оваа здравствени криза врз економскиот потенцијал на државите, говорат дека четири од пет вработени ќе ги чувствуваат последиците од кризата, дека најмалку седум проценти од вкупната вработена работна сила ќе ги претрпат измени во системот на нивното наградување и ако најмалку 160 држави ќе изкажат намулување на БДП е сосема очигледно дека прашањето на поднесувањето на економските последици од кризата е евидентно, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор, Леонид Наков.

Она што е битно да се напомене според Наков е дека предвидувањата на сите релевантни меѓународни институции говорат за еден различен начин на справување со последиците од КОВИД-19 со оглед на временскиот период во кој тие се префрлуваат во реалниот сектор.

СБ сопствената анализа ја прави во зависност од проектираниот период во кој кризата ќе биде ставена под контрола. Се прават две сценарија за секоја економија. Односно ако кризата заврши кон крајот на јуни, додека втората е кон крајот на годината. Она што е евидентно е дека проектираните проценти на намулување на БДП-то, особено за државите од нашето опкружување, упатуваат на тоа дека проекцијата за намалувањето на македонската економија е најмала во споредба со сите останати национални економии.

Она што е релевантно да се истакне е тие се темалат на потенцијалот на државите за обезбедување на т.н интегрирани политики. Тоа значи дека сите политики кои се креираат во овој временски период а се насочени кон неколку глобални целини – сегментот на вработеноста, поттикнувањето на конкурентноста во малите и средните претпријатија и директната помош на државата во справувањето со последиците од здравственатра состојба. На оваа линија се сите препораки, изјави Наков, околу прогнозите на ММФ и СБ и проценката за драматичен пад во април до износ од -10 проценти намалување на БДП-то во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one + 12 =