Проф. Мојановски: Политиката ги злоупотребува верските заедници – ранливоста е резултат на нерешени прашања кои политиката има обврска да ги реши

You must need to login..!

Опис

Изборот на поглавар на ИВЗ во Северна Македонија е тема за поздравување. Му честитам на новиот поглавар за изборот. ИВЗ е една од побројните со верници заедница во Македонија која дава значаен придонес, не само во дефинирањето на меѓу-верскиот контекст во Македонија туку и во практикувањето на исламот во Македонија виза ви различните заедници кои вероисповедаат ваков облик на религија, изјави за Утрински брифинг проф. Цане Мојановски.

Според Мојановски, говорењето за религијата и религиските организации треба да се набљудува од неколку аспекти.

-Тоа прашање е недоволно втемелено во однос на длабочината, структура и содржините кои ги имаат верувањата во Македонија. Еден сериозен проблем за верниците е колку всушност се познава суштината на религијата. Втората хипотеза е – зошто не е така броен составот кој е подготвен да говори за прашањата на религијата. Во времето на осамостојувањето религиските структури повеќе или помалку инклинираат до политички центри. Тие политички центри ги користат сите механизми кои ги имаат во дискредитација на поединци во општествената стварност. Трето – религијата е лична определба и да зборувате за личната определба значи дека може да направите материјална грешка и да предизвика поинаква интерпретација кај некој кој што е втемелен со верувањата, изјави за Утрински брифинг проф. Цане Мојановски.

– Земете го односот на Француската држава и нивни списанија при објавувањето на разни карикатури кои се спротивн испоред уверувањето на муслиманите. Знаме која тенизја и коој степен на недоразбирање нстана. Кога ќе ги ставите сите нешта на едно место, тогаш се поставува прашањето зошшто луѓето се воздржуваат или не сакаат да учествуваат во дебатите, вели Мојановски.

Целиот разговор со професор Цане Мојановски погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 14 =