Проф. Марковиќ: Реконструкцијата на владата треба да биде длабока, а меѓуетничките односи стабилни

You must need to login..!

Опис

Влегуваме во една нова фаза со две тенденции – Заев веќе нема да ја предводи владата, но остава стабилно мнозинство, а од друга страна опозицијата освои мнозинство на локално ниво и сега тие се власт во општините.

-Треба да го видиме конечниот состав на владата. Реконструкцијата треба да биде длабока, ако не биде мислам дека тоа нема да биде добро. Треба да се види кои министри ќе претставуваат контнуитет од претходната влада. СДСМ треба да направи анкети кои министри се популарни и тие ќе покажат кои може да останат а кои не. Некогаш има и персонални релации. Владата ќе има проблем поради тоа што во неа ќе учествуваат луѓе кои не трчале на избори па оттука може да има недверба во нивниот легитимитет, вели проф. Ненад Марковиќ за Утрински брифинг.

Заев веројатно ќе го наследи еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ.

-Персонализацијата нѐ следи во текот на сите овие 30 години. Тоа на почетокот може да помага, но подоцна мое да претставува проблем токму поради тежината на тие релации. Едната опција беше тој да се повлече да ги остави другите или да ги смени другите а тој да остане. Но, можеше да има и компромис. Ми се чини дека сега ќе се оди кон технократска влада, луѓе прифатливи и за опозицијата, со кариера зад себе. Добро е што СДСМ го промени лидерскиот модел. Во партијата и франкциите можат да си ги измерат силите. Оти франционирањето во СДСМ остави последици врз партијата на локалните избори, вели Марковиќ.

Тој вели дека е интересно да се види кој ќе биде следен претседател на СДСМ и дали ќе се сослуша зборот на Заев кој благо го фаворизира Димитар Ковачевски.

-Ги слушав и Деспотовски и Ременска, но кај сите тројца кандидати има желба по изборите да има обединување и дека ќе мора да им се стви крај на внатрешните поделби во СДСМ кои скапо ја чинеа партијата. Франционерството е здраво, но до одредена мера, вели Марковиќ.

Заев промовираше едно општество за сите, таа идеја остана на идеја кога премина во ресорот на Артан Груби.

-Кога има само една партија, СДСМ во случајов, да го промовира граѓанскиот концепт, а другите сѐ уште се држат до концептот добрите огради држат дбри комшии, не може да се постигне многу. Мислам дека ќе се остави оваа идеолошка граѓанска матрица да се одвива сама од себе и нема да се инсистира оти има други проблеми кои би биле битни за таа технократска влада, вели Марковиќ и додава дека најбитно е меѓуртничките односи треба да се одржуваат стабилни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × five =