Проф. Марковиќ: Ни треба импулс за реформи кои ќе даваат резултат

You must need to login..!

Опис

Македонско-бугарската сторија и сѐ што се одвива околу меѓусебните разговори се чини дека повеќе не е некаков приоритет за нашите странски партнери.

-Имаше две сценарија, едното странските фактори да притиснат побрзо да се реши македонско-бугарскиот спор, а второто е ова, да се потисне проблемот од конфликтот во Украина и да нѐ остават сами да го решаваме спорот, а Бугарија и Македонија не се способни тоа сами да го решат, вели проф. д-р Ненад Марковиќ за Утрински брифинг.

Тој додава дека е точно дека динамиката на разговорите меѓу двете земји е забавен, но можеби е тоа добро оти ќе се остави време да ферментираат идеите, а за датум во јуни беше јасно дека е тешко достижен.

Во врска со резултатите од пописот што треба да излезат неделава Маркоиќ вели дека е за очекување опозицијата да реагира.

-Од пописот нас ништо не нѐ интересира освен бројноста на една или друга етничка заедница, никого не го интересира ни економија, ни градинки, ни иселување… оти и тоа е целта на пописот. Божем бројноста на етникумите мое да реши нешто од бројните проблеми, вели Марковиќ.

Во однос на новата влада Марковиќ вели дека новиот премиер без некоја медиумска помпа си ја врши работата, па повеќе ја нема онаа драма којашто се врзуваше за неговиот претходник Заев.

-Кај нас желбата за реформски чекори опаѓа кога не се гледа европското светло на крајот од тунелот. Мислам дека сега пак нема таква мотивација, што не значи дека владата нема да се обиде да направи некои реформи, вели проф. Марковиќ.

За реформи во образованието се потребни пари и обмислена стратегија. Марковиќ вели дека нам не ни требаат олку универзитети и факултети ниту пак има економска, пазарна логика за тоа.

-Јас не гледам некоја политичка нијансираност во политичката сфера, нема дифренцијација меѓу политичките партии и идеи, сѐ е едно мочуриште, вели проф. Марковиќ за Утрински брифинг

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 1 =