Проф. Калајџиев: Немаме капацитет за правна држава и независно судство – разочаран сум поради изневерените очекувања

You must need to login..!

Опис

Корупцијата има различни појавни облици. Она што најмногу ја интересира јавноста е високата корупција врзана со поврзана со полиичката елита па се надоле до администрацијата и таа има свој корен во тоа на кон начин функционира системот заробен од политичките партии. Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, нема вистинско поместување, вели проф. Гордан Калајџиев и додава дека партиите кога ќе додјат на власт сметаат дека им е природно да земаат од колачот.

Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мисла дека доаѓаат на власт со желба д аделат првилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење пплакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот, вели Калајџиев.

Она што најмногу ја интересира јавноста и добива внимание е дали е санкционирана елитната корупција. Имавме едан реторика, луѓето беа занесени со шарена револуција дека ќе дојде време на независни судски институции, но тоа не се случи, местата се далат од етнички па партиски. Успеваат некако да наметнат моќ. Обичнит есудии патат од доза на традиционална сервилност што е културен и психолошки феномен. Исто како и обинителството. Јас бев автор на овој закон кој што е сега на сила. Направивме силен концепт Обвинителството да стане ултра моќна институција која ќе има сопствена полиција, сопствени истражители. Тоа по сила на прилика се оствари кај СЈО, во другиот дел не профункционира што е одговорност на првиот човек на обвинителството. Ние и денес имаме обвинителство слично како и во време на Груевски. Поставување со согласност на владејаката политичка партија. Ова е проблем со кој се соочуваме уште од почетокот. Никогаш не се изгради култура на поделба на власта. Институции кои ќе ги водат лица со интегритет. Имаме газење на Уставото со поставување на партиска личност народен правобранител. Прво е договорено дали ќе биде „македонско“ или „албанско“ местото, па после се оди надоле и тоа е понижување на Уставот.

Или случајот со Даштевски. Јас бев во групата што пишувавме за екстрадикцијата и ја убедувавме унгарската власт дека писанието на Даштевски е незаконито, бидејќи тоа не е негово овластување. Во случајот со Комисијата за дискриминација што тој ја водеше и на која што беше партиски овластен го бранеше Груевски надвор од своите овластувања, вели Калајџиев и додава дека ова е еден од проблемите што ја убива кај луѓето надежта.

Не гледаат сериозност ни кај опозицијата ни кај позицијата гледаат сериозност. ВМРО-ДПМНЕ со самото кандидирање на Даштевски и самите знаат дека оваа постапка е брука. Неговото кандидарање и кандидирањето на Панчевски за обвинител е зафрканција и вие не знаете дали си играат мајтап, смета Калајџиев.

Целиот разговор со проф. Гордан Калајџиев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − nine =