Проф. Ивановски: Курсот на денарот ке остане стабилен – инвестицискиот план од 8 милијарди евра е темпиран популистички проект пред избори

You must need to login..!

Опис

Пандемијата остави тешки последици на гобалната економија и оттука македонската економија не може д аја третираме како исклучок и јасно е дека опоравувањето не може да се заврши брзо, но генерално очекувањата се дека враќањето на состојбата од 2019 може да се очекува дури кон крајот на 2022 година. Ова е предвидување речиси идентично за сите земји, особено за земјите ленки на ЕУ кои се наши традиционални партнери и оттука смета дека и тоа треба да се земе како бенч марк и за нашата економија. Опоравувањето треба дасе должи на зголемената приватна потрошувачка, масивните инвестиции и јакнењето на извозот. Тоа се трите главни правца по кои опоравувањето треба да се движи. Истото да се реализира потребни се инвестиции и тие исто така треба да одат најмалку во три правци – развој на конкурентноста, дигитализацијата и зелената економија, изјави за Утрински брифинг професор Зоран Ивановски од УТМС и додава дека целта на сите овие активности е враќањето на нивото на вработеноста на населението и намалувањето на дубиозите кои се појавија во сите национални еконоомии особено во делот на значајниот пораст на долгот.

-Долговите растат затоа што и буџетските дефиците се искчија најмалку за 3 до 4% плус над предвидениот минимум, а како резултат на тоа имаме и порст на долгот над БДП кој во повеќето земји надминува и над 100% од БДП, а гледаме дека и нашата економија значително го надминува прагот од над 60% кој се сметаше дека е психолошка граница на оддржливост на македонската економија за д ане влезе во должничка криза, вели Ивановски.

-Нема сомнение дека дел од инвестициит екои се планират особено во делот на капиталните инвестиции кои ги реализира државата повторно ќе с еоди на задолжување што е планирано и кај нашата Влада. Јасно е дека нивните очекувања за фискална консолидација и намалување на долгот и буџетскиот дефицит нема да почнат 2022, туку 2023 и 2024. Така што се очекува дека овој временски период, можеби почеток на 2023 за очекување е дополнителен пораст на задолженоста заради финасирање на капиталните проекти. Секако дека треба да се имаат и во предви алтернативни извори на финансирање. Сметам дека Македонија каска во делот на искористувањето на потенцијалите за јавно приватни инвестиции. но и треба да се создаде клима за да се мотивираат приватните инвеститори, вели Ивановски.

-Во Македонија има многу високо ниво на сива економија, значи прво треба да се соберат парите кои се дома и не само што не се во системот, туку и го нагризуваат и загризуваат легалниот бизнис. Значи број 1 според мене е сериозно да се пристапи кон намалувањето на сивата економија. Прво Владата треба да почне да ги исполнува задачите кои ги поставено и декларирано во Стратегијата за формализација на неформалната економија, смета Ивановски.

Целиот разговор со проф. Ивановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 8 =