Проф. д-р Џукеска: Треба да се остави простор за преговори, но право на синдикатите е да извршат притисок

You must need to login..!

Опис

-Поддршката на НАкС за СОНК е јасна, вчера ги прецизиравме следните чекори, но во текот на вчерашниот ден добивме конечно покана за средба во министерството за денеска во 14 часот па да почекаме да видиме кој ќе биди исходот од средбата и ќе знаеме што и како понатаму.

-НАкС се приклучи кон гранковиот Синдикат. Ние заедно со СОНК потпошавме договор за соработка и доставивме барање да бидеме вклучени во преговорите но се уште не сме добиле одговор по однос на нашето барање.

-Јас не сум слушнала од МОН ниту јасно да не извести ниту да даде сигнал дека разговорите се движат кон решение. Нашето одбарање е да се приклучиме кон останатите синдикади за усогласување на минималната плата а на средбите ќе разговараме и за подобрување на условите во високото образование.

-Не можам да го коментирам тоа што се случува во преговорите на градинки, основно и средно образование, сигурно дека предност треба да се даде на преговори и да се остави тоа да профункционира но доколку со тоа само се одложува тогаш мора да се примени и притисок.

-Постои една стигма дека професорите кај нас имаат премногу високи плати. Тоа е само еден мал процент на професори кои имаат над 1000 евра плата. Но според нашите податоци платите во регионот на професорите секаде се над 1000 евра, нашите се најминимални. Кај нас платата на редовен професор со последното покачување е 39.000.

-Она што ние го баравме како синдикат е да утврдиме коефициент во сооднос 5 : 1 во однос на минималната плата и платата на редовен професор.

-Еден асистент или вработен со високо образование кај нас не зема плата повисока од 25 илјади денар. Законот за минимална плата го прави главниот проблем за кој ние се изборивме и го решававме изминатиот период, вели за Утрински брифинг проф. д-р Елена Џукеска, претседател на Независниот академски синдикат (НАкС).

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 + 7 =