Проф. Д-р Узунов: Мора да научиме дека сме држава која е сиромашна со енергија – потребни се промени во приоритетите во економската политика

You must need to login..!

Опис

Се согласувам со констатицијата, а имаш проблем оди плачи кај Владата, па ако успееш доволно да плачеш може и ќе ти излезе во пресрет. Тоа е онаа стара навика, бебето што не плаче, цуцла не добива и сега тоа преоѓа кај овие големи системи. Но тука има некое оправдување, бидјеќи целата светска, а особено европска економија влезе од криза во криза. Од Ковид, влеговме во друга криза – финасиско-енергетска.

-Проблемот не е дека има недостаток на енергија, туку проблемот е превисока цена на енергијата и бидејќи енергијата е влезен импут на се, на било кој вид на производство и секојдневен живот на секој граѓанин, тоа буквално ги зафаќа сите – од најсиромашни, до најбогати, и од наголеми до најмали фирми. Во отсуство на било какви други механизми на брз рок за решавање на ситуацијата, сите субјекти нормално, одат кај моќниот, односно кај Владата. Во сите немоќни, она е најмалку немоќна. Владата од друга страна сега има многу стеснети опции, можностите за избор и се многу мали, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Ванчо Узунов.

Околу промена на пориоритетите во економската политика и стратегија професор Узунов смета дека не само што потребно, туку и дека можеби веќе е касно.

-Првата разбота за која што јас сечудам со енергетската криза, со енергијата е што јас зборот штедете не го слушнав. Штедете, како капања и порака до бизнисот и граѓаните. И бидејќи цената не се покачи премногу, а тоа е повторно заради помошта што ја дава Владата и јас не гледам дека луѓето мислат дека треба да штедат, вели проф. Узунов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eighteen + 12 =