Проф д-р Трајковски: Целосен lock down како единствениот начин за намалување на бројките и до 70%

You must need to login..!

Опис

Битолскиот професор Дејан Трајковски, речиси секојдневно, на својот профил на социјалните мрежи, излегува со анализи на бројките и според резултатите кои ги добива, дава одредени проценки како би се движела пандемијата.

-ИЈЗ секојдневно ги објавува сировите податоци поврзани со КОВИД-19, што значи дескриптивна статистика која претставува влезен податок за понатамушна аналитика, која е второто ниво на статистичко предвидување на динамиката на пандемијата. За спроведување на таквите анализи е потребно математичко знаење, со кое се занимаваат математичари, физичари и инжињери од некое квантитавно поле. Јас одам чекор понатаму и давам наритвен коментар за движењето на пандемијата како и комбинација од квалитативни и квантитативни истражувања за подобро разбирање на самата епидемија, вели Трајковски.

Според Трајковски, јасно е дека пандемијата се наоѓа во забрзан раст. Репродукциониот број Р0 е поголем од 1, што значи дека дневфните бројки се забрзуваат со некое темпо од околу 5% на ден. Значи ако денеска сме имале 1000, за очекување е дека утре ќе имаме 1050 итн. Значи пикот засега не е на повидок, него ќе го видиме преку намалувањето на базичниот репродуционен број преку повеќе параметри. Ќе го видиме и преку стапката на позитивни тестови која е многу загрижувачка. Ќе се види и преку дневните промени на бројот на заболени. Има повеќе индикатори. Единствен научен е движеењето на репроидукциониот број кој засега не дава надеж за скоро намалување. Самиот систем има голема инерција. Просто кажано примарните заразувачи, заразуваат уште пред да покажат симптоми. Навидум здрави луѓе ја пренесуваат инфекцијата, поради што ние не можеме поунаку да се бориме со неа, освен со превентивните мерки.

-Вистинското решение е минимум две или тронеделен lock down. Ние врз основа на искуството и, следејќи ги бројките од Велгденскиот lock down видовме дека тоа е единствениот начин за намалување на бројките, вели Трајковски кој смета дека со четиридневен lock down можеме да ги намалиме бројките до 70%.

Целиот разговор каде што Трајковски говори и за колективниот имунитет погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − ten =