🎥 Проф. Д-р Пановски: Да се направи сценарио што наесен со КОВИД-19 – вакцина најрано од октомври – бебињата и децата да бидат изземени

You must need to login..!

Опис

Бројките не се добри. Ни најголемите песимисти не ги очекуваа. Институциите сега некако како затворени да се во последно време. Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија.

-Големиот број на случаи е една од причините на големата смртност. Друго е и дека доцна се јавуваат, а трето е дека инфективните одделенија и не биле доволно развиени во државава. Нелогичноста е и главен центар да биде 8 септември кој има тројца инфектолози во однос на 26 во Клиника. Тоа се дел од причините, изјави во Утрински брифинг еден од врвните микробиолози во земјава, професор д-р. Никола Пановски.

-Ние со години ги имаме интра-хоспиталните инфекции кои со години ги криеме. Имаме голем процент на бактериски пневмонии кои се добиваат под вентилација. Трета работа е што Македонија а и балканските земји има многу отпорни бактерии во однос на другите земји – причина е што повеќе се даваат антибиотици и затоа се порезистентни. И на крај кај нас се се шишува дека умрело од КОВИД. Тоа посмртно тестирање воопшто не е потребно, изјави проф. д-р Пановски.

-Ако ја исклучиме Србија која крие резултати и веројатно процентот на бројката е слично како кај нас, сметам дека е време за анализа и да се престане со тоа дека ние сме најдобри и одлично се справуваме. Анализа е потребна за да се знае што понатаму, да се признае што било добро, кои биле грешките. Имаме многу неискористен кадар во земјата кој што новата Влада ќе мора да го искористи. Да го земеме Медицинскиот факултет како институција, ние имаме десетина епидемиолози кои можат да прават анализи зошто се ова се случува, како се шири, како да се заштитиме итн. На мојот институт има 13 доктори на науки кои не се вклучени во ниакква лабораториска активност и дијагноза. Да не зборам за инфектолози, биохемичари, имунолози, патолози кои сега се слободни и можат да работат, вели проф. д-р Пановски.

-Очекувам дека е крајно време да се направи план, сценарио и да му се каже на народот што го очекува ако продолжи да не ги почитува мерките, бидејќи доаѓа период кога сите луѓе што се по плажите, по планините и парковите сакале несакале ќе мора да се соберат во затворено. Податоците говорат дека на отворено вирусот многу послабо се шири за разлика во затворен простор, изјави проф.д-р Пановски, кој смета и дека градинките мора да почнат да работат бидејќи децата во истите установи се во една група и можат полесно да се контролираат.

-Сметам дека во најрано во октомври па до јануари ќе се почне со вакцинација. Мојот став е да се започне со ризичните групи. Тоа би било за два месеци околу 300-400.000 луѓе и тука треба да се запре. Исто така сметам дека не треба да бидат вакцинирани бебињата и децата, да не биде задолжителна и да биде бесплатна, доброволна со приоритет на постарите и ризичните групи, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Пановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 3 =