Проф. Д-р Пановски: Дали вирусот ќе одмори или пак ќе не нападне – колективен имунитет секако нема да имаме

You must need to login..!

Опис

Уште сме на стрмната крива. Се качуваме нагоре и со надеж чекаме да стигнеме во стационарната фаза, на врвот, кога бројот на нови случаи ќе биде ист како претходниот ден, не поголем. Бројот на починати може да биде поголемно главниот знак е да нема нови случаи. Тоа ќе трае десетина дена и потоа се надеваме да почне да паѓа. Има разни предвидувања кога ќе почне тоа. Ние во Македонија сме 10 дена во тој експоненцијален раст. Претходно имаше мирна состојба од дваесетина дена, изјави во Утрински брифинг Проф. Д-р. Никола Пановски, микробиолог.

Начинот на ширење не е многу брз, изгледа брз заради медиумите, сме имале и по 100.000 случаи на грип. Само пред четири недели кога сакаа да се затворат школите имавме 6.000 потврдени случаи од грип неделно. Под притисок на јавноста често патио стручњаците на крај попуштаат.

Во Германија, Шведска, Норвешка, Данска, откриваат голем број на случаи. Имаат некои методи на откривање на случаи бидејќи смртноста е премногу мала. Помеѓу 0,2 до 0,6. ВО историјата не постои од иста држава за иста болест да има 40 пати поголема смртност и тој тренд да трае 15 дена. 8,6 проценти е смртноста во Италија, 7,3 во Иран, 5 посто во Шпанија, а во земјите кои што ги спомнав 40 пати да биде помала. Веројатно бројот на случаи во Италија не е 50.000 туку најмалку е 500.000 до 1.000.000.

Во Германија најверојатно ги откриваат во рана фаза, вели Пановски.

Исто така морам да напоменам дека ако респиратот нестручно и претерано се користи доведува до поголема смртност. Веројатно во Италија има случаи каде што немаат квалитетна нега, додаде Пановски.

Скринингот се прошири во однос на претходните месеци. Што повеќе правиме тестови ќе имаме и повече случаи што не е страшно. Еве гледате во земјите како Германија, Австрија смртноста е пониска и не изгледа страшно. ВО секој случај, не треба да се тестираат оние кои што биле денеска во контакт со заболен. Ако се заразил, не дај Боже, вирусот треба да се развие, размножи и веднаш тестирањето ќе даде лажен резултат. Затоа треба да се почека барем пет дена. Ако нема симптоми најдобро е да се почека две недели, бидејќи можеби поспоро се размножува, вели Пановски.

Мислам дека влезот преку границите на државата, аеродромот, беше послободен отоклку што властие кажуваат. Практично беше оставено на свеста на индивидуата да оди во самоизолација. Мислам дека за дел од луѓето се знае, но и за дел не се знае.
Околу воведувањето на полицискиот час Проф Пановски со став дека ситуацијаата со Коронавирусот најоптимистички ќе трае 100 дена.

Ќе се најдеме во ситуација, на пример, човек опериран од инфаркт. Тој треба да излезе и да прошета како дел од рехабилитацијата.Дали тоа значи дека државата ќе треба да му најде место кај што тој ќе може да пешачи без никој да го малтретира и да му вика дека е кретен. Бидејќи нели, сите што излегоа надвор да одат се кретени. Не сум за тие мерки до крај да се забрани излегување, бидејќи тие ќе траат многу долго. Можно е кога ќе ги прекинеме, луѓето нагло да излезат надвор и тоа повторно да придонесе за развој на вирусот. Знали јас не сум за затворање туку за поголема контрола. Надвор на улица као сте на метар, не може да се пренесе болеста. Значи треба да кашла, да кива и да биде блиску.

Пронајдени се сигурно десетина вакцини. Испитувањето е долго. Треба да се види дали навистина штити. Што се однесува до азитромицинот, кој го заштити Плива како Сумамед, мене ми е близок бидејќи работам со антибиотици и го испитував ’90 години како прв југолсовенски антибиотик. Навлегува во клетките, ги уништува микроорганизмите. И Јапонците го користеа кај астма, кај алергиски болести и тој е имуномодулатор – значи да намали воспаление. Анти-маларикот како делува не знам (околу комбинациајта на анти-маларици со сумамед), но некои резултати има во некои земји. Во секој случај спасот е во постоечки лек.

Ова е прв пат во историјата целиот свет да е во карантин. Сме имале ние вариолавера, но земјината топка беше после тоа вакцинирана. 1975 се кажа дека е искоренета болеста . Дали вирусот ќе одмори или пак ќе не нападне – имунитет колективен секако нема да имаме. Сега ќе се испитува дали некои луѓе можеби имаат имунитет пред да се јави вирусот.

Овој вирус има брат – САРС и има четири братучеди. Треба да се види дали некој минатата година имал настинка од коронавируси, а сега е имун на тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 − 3 =