Проф. д-р Никола Пановски: Лудост е превентивното пиење антибиотици – резистенцијата одзема животи

You must need to login..!

Опис

Според сите светски и здравствени статистики главни проблеми во медицината покрај малигдните и кардиоваскуларните заболувања се спомнуваат и како една од најголемите закани е појавата на мултирезистентни бактерии, односно враќање во црниот век. Антибиотската ера од 1945 навака полека згаснува. Бактериите кои живееле 3 милијарди години брзо се адаптираат, изјави во Утрински брифинг проф. Д-р Никола Пановски говорејќи за рационална примена на антибиотици.

Употребата на антибиотици врши селекција на бактериите. Тие брзо се размножуваат и мутираат и си ја пренесуваат резистенцијата едни на други. Кога ќе почнете наголо да давате антибиотик по пат на Дарвиновата тероија се прави селекција, вели д-р Пановски и додава дека резистенцијата одзема животи во Европа колку што тоа се случува и со сообраќајните несреќи.

-Во Медитеранските земји, како Италија, Грција, Кипар, па и Македонија се препишуваат антибиотици 3 до 4 пати повеќе од скандинавските земји. Врз база на тоа може да кажеме дека кај нас од осум пациенти кои примиле антибиотик само еден требало да прими, вели д-р Пановски кој додаде дека врз база на оваа пракса инфекциите многу потешко се лечат во медитеранските отколку оние во скандинавските земји каде амоксицинот е главен лек.

Целиот разговор со проф. д-р Никола Пановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =