Проф. д-р Марковиќ: Борел ја сосече јавноста која е кревка, истоштена и се помалку има верба

You must need to login..!

Опис

Трета недела од војна во Украина, еден потрес кој го разниша целиот свет, а не само Европа. Овие денови се клучни за да се види кон каде ќе се развива ситуацијата во Украина.

-Како што се интензивираат офанзивите така се наметнува прашањето за побрз компромис, што е нормално. Треба да видиме дали Русија и Украина ќе седнат на преговарачка маса со Израел како посредник. Јас се плашам дека работите ќе се вратат на старо. Крим ќе остане недостапен за Украинците, Донбас веројатно ќе остане издвоен од Украина. Украина ќе се откаже од НАТО. Другите прашања веројатно ќе бидат решени, па конфликтот станува апсурден ако се вратиме на истото, вели за Утрински брифинг проф. Ненад Марковиќ.

Во врска со веројатната лоша проценка на руските стратези за војната во Украина кои сметаа дека за неколку дена ќе заврши целата работа, Марковиќ вели дека несомнено во Русија ќе има тектонски промени и прашање е како Путин ќе се извлече од оваа ситуација.

-Еден од спиновите на Путин беше дека Украина ќе влезе во НАТО затоа што сите знаеме дека тој процес е долг и дека еден од условите е земјата да нема конфликт со соседите. Оваа воена интервенција нема да заврши добро за Путин кој почна да апси и свои луѓе од разузнавачките слоеви, а тоа се моќни луѓе кои не остануваат должни, вели Марковиќ и додава дека санкциите нема скоро да бидат симнати.

Путин војната го чини 20 милијарди долари дневно, вели Марковиќ и додава дека тоа не е лесно да се обезбеди без големи жртви на руското население.

Марковиќ за тоа како оваа воена операција влијае врз македонското општество вели дека има еден краткорочен шок кој се поврза со бугарската политика кон Македонија. Имаме една ситуација на колебање, особено кај македонската популација, дека ветувањата од ЕУ нема да бидат исполнети, а во прилог на ова чувство оди и вчерашната изјава на Жосеп Борел кој беше во посета на Скопје дека Македонија тешко ќе стаса до датум за европски преговори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

6 + eight =