Проф. д-р Здравева: Шутот во градењето на демократијата на свои плеќи го носат граѓаните

You must need to login..!

Опис

-Добивам впечаток дека сме постојано „градилиште“ кога станува збор за демократијата. Нешто ново се прави, нешто ново се урива, а она што останува е шутот, кој на крајот некој треба да го изнесе. Тој „шут“ на градењето на демократијата на плеќа го носат граѓаните и во тој контекст сесекогаш има место за подобро и повеќе, изјави во Утрински брифинф проф. д-р Неда Здравева, околу оценките на „Фридом Хаус“ за Северна Македонија.

-Она што е карактеристично кај нас е што во годините на градењето на демократија не успеавме да го воспоставиме ситемот на контрола, каде што трите власти – извршната, судската и законодавната меѓусебно независно се контролираат, вели Здравева и додава дека не е успеано да се воспостави систем на одговорност.

-Имам личен впречаток дека луѓето со тек на време престанаа да бидат одговорни за своите постапки – се чекаше некаква наредба од некого, никој не преземаше никаква иницијатива, а онаму каде што иницијативите се преземаа се преземаа по директива од „горе“, вели проф. д-р Здравева.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × two =