🎥 Проф. д-р Живковиќ: Ќе се кандидирам за ректор – УКИМ е заробен од внатре и политиките ги водат тројца луѓе

You must need to login..!

Опис

Тројцата проректори на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), проф. д-р Вујица Живковиќ, проф. д-р Гордана Јосифова-Неделкова и проф. д-р Владимир Петрушевски, како и Независниот академски синдикат, го обвинија ректорот Никола Јанкуловски дека во време на вонредна состојба незаконски закажал седница за избор на нов ректор, функција за која и самиот е кандидат.

Ректорот Јанкуловски вели дека започнатата постапка за избор на ректор за мандатниот период 2020-2023 е во целосна согласност со актуелниот Закон за високо образование, дека мандатот на ректорот на УКИМ не е истечен како и дека оваа законска процедура не е никаков лов во матно, туку дека само станува збор за спроведување на законска постапка.

Професорот Живковиќ за Утрински брифинг изјави дека ова што се случува последните денови само му штети на Универтзитетот.

-Многу пати му е укажано и на ректорот и на органите и на јавноста дека ова што се случува се коси со законот и не е во ред во ова кризно време да се спроведуваат избори кои не му доликуваат на Универзитетот.

-Прво и основно треба да се почитува Законот за високо образование. Да се спречи конфликтот на интереси, да се почитува статутот и законитоста. Дојдено е време органите на Универзитетот да не бидат управувани, туку да управуваат. Универзитетот е заробен од внатре. Јавна тајна е дека политиките овде ги водат тројца луѓе, водени од сопствен, личен интерес, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Вујица Живковиќ.

-Јас ќе се кандидирам за ректор, бидејќи покрај тоа што цел живот го имам посветено на Универзитетот гледам можност во ова кризно време со храброста и користењето на потенцијалите на сите од УКИМ да помогнам во развој на Универзитетот, вели Живковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 8 =