Проф. Д-р Бојаџиев: Ако немаме здрава средна класа не можеме да одиме напред

You must need to login..!

Опис

-Ова е стварно за жал. Еднаш во животот, неколку кризи една по друга. Последиците ќе бидат големи, мерките на Владата се прилично добри освен една сериозна работа гледа како ќе даде, но не гледа како ќе го намали буџетското трошење. Апсолутно, државата треба да штеди, нивото на непродуктивни трошења е многу големо. Ми беше драго кога премиерот Ковачевски најави дека ќе ги намали советниците.

-Јас не се сметам за макроекономист но како граѓанин се занимавам со некои теми. Една однив е идејата за урбана децентрализација на Македонија. Идејата ми беше дека администрацијата може слободно да се дисперзира и во уште десет други градови. Излегов со проекција од околу 1 650 000 граѓани базирана според бројот на деца, што еве сега најверојатно ќе се испостави и со пописот.

5

-Нас не интересираат жителите во државата, а не пасоши. Како се одразува на економските ефекти, ГДП-то е показател но доколку го поделиме на помал број жители тогаш ГДПто е поголемо. На 1 800 000 ние имаме скок од 79 на 72 место на некој светски ранг во однос на потенцијалите кои се интересни за некоја друга анализа.

-Тоа се однесува и на процентот на вработеноста. Доколку е помал бројот на жители тоа значи дека бројките на невработеност официјално ќе се намали. Мојата претпоставка е дека бројот на невработени се движи околу 12 проценти. Тоа значи и дека бројот на работоспособно население ќе се намали, а тоа се гледа и во изјавите од стопанствениците кои веќе се жалат на недостиг од потребен кадар, вели за Утрински брифинг проф. Д-р. Марјан Бојаџиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 + one =