Проф. д-р Барбареев: Концептот за реформи во образование не навлага во содржините од темите по историја и географија

You must need to login..!

Опис

Мислам дека сите сме свесни дека клучната тема, која е најважна и приоритетна е реформата во образованието. Реформа е потребна. Она што се случува во последниве години само покажува колку државата имала визија кон тоа во што да ги става своите приоритети и она што ни се случува е последица на многу фактори кои придонеле до она да биде образованието до овој степен како што е сега, изјави во Утрински брифинг д-р Кирил Bарбареев, редовен професор на УГД на факултетот за образовни науки.

Секоја реформа кој тргнува треба да почне со голем консензус. Мој впечаток е ние реално имаме висока свесност за она што е недостаток и потреба од промени, но морам да констатирам дека имаме ниска енергија за вклученост кон промените. Овој концепт кој што според мене е многу стручно подготвен наиде на еден несреќен почеток и можеби концептот кој што допрва треба да се објасни, мислам дека ќе се разбистрат многу небулози и недоразбирања на кои што наиде.

Новата министерка со една многу благородна идеја и визија веднаш наиде на осуда. Станува збор за една концепција која има сериозни појдовни основи, концепција која е научно поддржана, лежи на неколку клучни основи – фокус на учениците, мотивација на наставниците и нивна поголема автономија, засилен концепт на интрекултурност и се ќе подлежи на национални стандарди кои сега за жал ги немавме. Се што ќе тргне понатаму од овој концепт, кој што е 45 странички, всушност преку јавните дебати, преку презентација пред МАНУ, пред факултетите да се создаде јавна дебата која ќе ја дефинира конечната верзија на тој концепт, кој може врз основа на многу моменти да даде еден посериозен воспитно-образовен систем, вели Барбареев.

Она за кое што се уште се разговара терминот општествени науки ќе се промени, бидејќи внатре има одредени науки и дисциплини кои што припаѓаат на други области. Значи тоа се уште е отворено. Планирано е да започне во прво и шесто одделение. Сега зависи како министерството и останатите институции ќе изгради една доверба во јавноста, вели Барбареев.

Нема да ја коментирам политиката но ја разбирам загриженоста на колегите. Мислам дека кога ќе се презентира концептот и кога ќе се објасни зошто во појдовната основа на овој концепт во основно образование се става на наставата, ќе се види дека концептот не навлага во содржините од темите по историја и географија. Тоа ќе го прават професорите кои сега, доколку помине концептот, ќе влезат и ќе почнат да ги подготвуваат програмите. Лично мислам дека не треба да има загриженост иако ова е многу осетливо прашање. Затоа е и разбирлива загриженоста на одредени институти. Како чллен на работната група јас сакам да ги уверам колегите дека овде нема никакви скриени мотиви. Имавме цела автономија и затоа јас целам дека интеграцијата на предметите може да се реализира.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 12 =