🎥📞 Проф. д-р Ацески: Неквалитетот во високото образование се прелеа во државата

You must need to login..!

Опис

УКИМ е сложена институција. УКИМ е во перманентна криза и не го фати чекорот кога се дозволи односно започна приватизацијата во Високот образование, односно отворањето на многу други универзитети. Јас лично верував дека во тој момент ќе се подобри квалитетото како резултатот на пазарниот притисок. Но работите сега тргнаа во обратна насока. Кога ги отворија приватните Универзитети, наместо да се сочува квалитетот УКИМ тргна обратно. Започна тој процес на јавно-приатно партнерство. Од една страна државата го финансира, а од друга страна запишувавме енормно голем број на студенти, изјави во гостувањето во Утрински брифинг, социологот проф. д-р Илија Ацески.

-Како пример во една група државата финасираше 20 студенти а ние запишавме 240 студенти. Оние 200 студенти плаќаа и се собра една огромна сума на средства кои влегуваа на факултетот и тука доаѓаме до важниот момент. Имено, менаџментите на факултетите кои беа атрактивни почнаа да манипулираат со тие средства и настана една голема бркотница која што траеше 3-4 години и сега имаме повратен удар, вели Ацески.

-Се бега од елементарна расправа на УКИМ. Само малкумина прифаќаат дебата. Тука доаѓаме до клучното – дека се нема капацитет. АКо почне реформата таа мора да почне од дното. Кога ќе чепнете внатре тука настанува еден отпор, затоа што комоцијата на одредени професори ќе биде нарушена. Тоа се оние професори кои што и практично не работат, изјави Ацески и додаде дека мора да се пристапи кон преоценување на квалитетот.

-Не оди реформата со молење. Треба да се дојде до помирување, да се каже дека кадарот е неспособен и неконкурентен за пазарот. Не треба автономијата да се сфаќа како анархија, напротив како поголема одговорност.

Целиот разговор со проф. д-р Илија Ацески погледнете го во разговорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + eighteen =