Проф. Дујовски: МВР да ја провери работата на целиот оддел – проверка не само на пасошите, туку и кај личните карти и државјанствата

You must need to login..!

Опис

Повеќе од очигледно е дека има пробелми во системот. Сега можеби е вистинското време кога треба сериозно МВР да се посвети на целокупниот систем не само за патни исправи, за лични карти, возачки дозволи и се што подразбира работа во тој оддел за граѓански работи. Не дека во другите оддели цветаат рози, но токму тука гледаме дека имаме многу сериозен проблем, кој не може да го гледаме како субјективен. Ова не е од денес. Ако се вратиме 7-8 години наназад, начинот на издавање на лични карти на луѓето кои што од Мала Преспа, од Пусетец доаѓаа и гласаа овде, па добиваа адреси од 40-50 луѓе во еден стан, па потоа ако се сеќавете МВР имаше акција во која приведе луѓе кои во тој оддел издавале возачки дозволи на лица кои немале положено и еве сега ова.

-До сега знаеме за 215 луѓе, истрагата можеби ќе покаже дека стануива збор за многу многу поголем број на патни исправи – ова се оригинални патни исправи со невистинити податоци. Значи мора веднаш Министерството да се посвети на проверката на работењето на целиот оддел, па да видиме издавањето на лични карти, пасоши, уверенија за државјанство и сите други материјали да ли може да се помогне системот да биде повторно изграден. Се разбира, ова се инциденти ситуации, но веќе заземаат еден епидемиски каратктер, кога повеќе не сме сигурни дали напшите податоци се злоупотребени или не, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Дујовски.

Она што јас го поздравувам и навистина го почитувам е тоа што МВР презема активности против своите вработени. Пред месец дена имаше приведување, сега можеби е малку ЈО да излезе со проширување на истрагата, но уверен сум дека доколку тие имаат, а треба да имаат независен простор за дејствување, ќе ни одговорат на прашањето како тој систем кој го изградивме на биометриските докумнети и е доволно зашититен однадвор е пробиен, вели Дујовски.

Кога поднесувате барање за патна исправа вие мора да се легитимарети со отпечаток од прст, со важечка лична карта, а ние во ситуацијава говориме само за фалсификувани патни исправи. А каде се личните карти? Службеникот е должен кога поднесувате барање да ве легитимира со л.к која мора да биде важечка и со отпечаток од прст, за потоа кога ќе заврши процедурата повторно со мојот отпечаток со прст да потврдам дека тоа сум јас, смета Дујовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × one =