Проф-др Ризова: Центарот за доживотно учење е наметет за сите, без разлика на досегашното образование

You must need to login..!

Опис

Филозофскиот факултет го промовираше центарот на Доживотно учење, во рамки на кој сите граѓани без разлика на возраста и образованието, ќе можат да се доусовршат и доквалификуваат. Раководителката на Центарот, проф. д-р. Елена Ризова денеска во Утрински брифинг рече дека тој ќе биде мост што ќе ги поврзува универзитетите и променливите потреби на општеството, пазарот на трудот и професионалниот кадар.

– Самата идеја за концептот за доживотно учење не е нова. Македонија е земја потписничка на Болонската декларација и најновиот документ, Инчионската декларација 2030 со кој се предвидува во земјава 20 проценти од населението да биде дел од доживотното учење, кај нас тој процент е 2,4 што значи треба многу да се работи на идејата за доживотно учење, објаснува проф. Ризова.

Таа вели дека целта на овој концепт е да се излезе во пресрет на променливите барања на пазарот на трудот.

– Се соочуваме со голема маса на луѓе кои имаат потреба да ги надградат своите компетенции, затоа Центарот е отворен за сите категории на граѓани од секоја воздраст. Заинтересираните можат да се дообразуваат за некоја од областите кои може да ги понуди Филозофскиот факултет, вели проф. Ризова.

Целото интервју погледнете го во продолжение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × two =