Проф. Грчев: „Урбана мафија“ стана популистички слоган кој се злоупотребува и за ситуации каде што нема причина за тоа

You must need to login..!

Опис

Случајно сум запознаен и со измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, како и со реакциите на невладината „Фронт 21/42“ која што даде писмени и образложени забелешки до Министерството во рамки на таа јавна расправа која што е на ЕНЕР, во периодот пред да почне Законот да влезе во процедура, изјави за Утрински брифинг проф. Мирослав Грчев.

-Ова станува бесмислено, и таа приказна за потоплно за веќе неоснованото и неквалификуваното употребување на тој мистичен збор „Урбана мафија“ кој што има намера само да озлогласи. Тој стана популистички слоган кој што се злоупотребува веќе и за ситуации каде што нема причина за тоа, додава проф. Грчев.

-Ова е ситуација каде што едни измени и дополнувања, на почеток на совјата процедура, каде што ќе има уште повеќе фази на јавни расправи, во почетокот таа се става на увид на јавноста. И кога ќе го ставите на увид на јавноста се вика – а не ова оди тајно, а ние го фативвме. Сакам да кажам дека се работи за алергиска реакција на невладините и воопшто на јавниот сектор, затоа што десеттина и повеќе години се злоупотребува во огромни размери и урбаниот простор, селата, се уништува земјата со различни видови на незаконски градби кои пред се беа државна незаконска градба, вели проф. Грчев

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

7 − 6 =