Проф. Грчев: Имаме алергиска реакција на реални и долгогодишни дразби и насилства кои се случувале долги години во Скопје

You must need to login..!

Опис

Сегашните реакции се еден вид на хипертофирана и хистерична и алергиска реакција, на реални и долгогодишни дразби и насилства кои се случувале долги години во градот. Во Скопје особено, по независноста и револуционерна промена на сопственичката трансформација, 44-90 државата се грижеше за изградбата на градовите и поросторот и стандардите беа неверојатно високи. Ние учевме од светските врвови. После земјотресот овде дојде светската елита. Ние бевме силиконската долина на урбанизмот, на планетата. Така се градевме. Скопје се градеше првите 15 години буквално исполнувајќи ги идеите и визиите за градот на иднината. Обртот беше на ниво на катстрофа.

Со таа сопственичка трансформација наеднаш целиот сектор на градење излезе од грижата на државата. Беше фрлена на снаоѓање пред еден вид на капитализам каков што успеавме ние да реконструираме – еден предаторски, примитивен капитализам кој не случајно не може да фати чекор со европски стандарди на функцинонирање. На градбата на урбанизмот, на населените места, последните 30 години не им се пишуваше добро. Ние имаме активно назадување и особено во областа на ориентацијата. Човек во едно урбано, развиено демократско општество, се стекнува со најсилниот центар што го има – социјалната интелигенција, да ги препознава, да ги чита образците на однесување, до каде е во ред до каде не е, и во едни вакви услоиви тие се комплетно изгубени. Затоа во овој период можевме да сведочиме на огромен број на злоупотреби и насилства.

Во Скопје може да се види нешто што е практично невозможно да се најде ни со архелошки наоди. Не може да видите да некој изгради до меѓа на сосед зграда и да отвори тераси, балкони, прозори. Тоа е вон памет, а во Скопје го има, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Мирослав Грчев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 1 =