Проф. Бранимир Јовановиќ: Владата да троши, но не повеќе од 5 насто дефицит

You must need to login..!

Опис

Потребно е преструктурирање на македонското општество, правење на поправедно општество, парите да се земат од оние кои профитираа од кризата, а не од сиромашните

Пред некој ден ги објавивме проекциите за следните три години, вклучувајќи ја и оваа за цела Источна Европа. Она што е интересно е дека за Македонијасе предвиудува раст од 4,1% што е нешто помалку од падот во 2020 година кој што беше 4,5%, што значи Македонија нема да го достигне пред кризното ниво оваа година, туку тоа ќе го направи во 2021. Македонија отприлика е на средината од источноевропските земји во поглед на економскиот раст, што значи не е многу лоша, но е далеку од добра.

-Главните два фактори што ќе ги детерминираат во 2021 годин се како земјите ќе се справуваат со пандемијата, односно пред се како ќе тече вакцинацијата и колку државите, владите ќе трошат за да ги помогнат економиите. За првото прашење, во поглед на вакцинацијата, Македонија е меѓу најлошите европоски земји, и според некои порекции од Блумберг се очекува дека оваа година нема да се веакцинира целосно населението, што значи дека околу првиот фактор ќе биде негативно. Она што е добро е дека Владата е спремна на троши и фискалниот дефицит за оваа година е проектиран да биде 5% од БДП, што не еошо. Лани дефицитот беше околу 8%. Многу важно е дефицитот да не се намалува премногу нагло, или важно е државите да продолжат д атрошат и оваа година, бидејќи екконимиите се кршливи, изјави во Утрински брифинг, проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Лошо е што пакетите за поддршка на економијата не беа усвоени до пред некој ден. На некој начин економијата е повторно жрртва на политичките спреги , интриги и игри, вели Јовановиќ.

Во регионот пример за следење дефинитвно е Србија. Лани паднаа само 1% и оваа година се очекува да порасне 5%. Србија до крајот на оваа година ќе има еден од највисоките нивоа на економски развој споредени со преткризното ниво. Владата таму потроши многу. Во вториот квартал, кога беше почетокот на епидемијата, растот на владините трошења беше 35%, Македонија 15%. Значи Србија потроши многу повеќе. Кога владата троши повеќе, тоа ја вади економијата од криза. Она што е важно е дка Србија во оваа година одлично напредува со вакцинацијата. Во регионот најлоши оваа година ќе бидат оние кои што зависат од туризмот – пред се Црна Гора и Хрватска. Албанија е подобра од овие две затоа што имаат голема дијаспора и сите Албанци се враќаат за да одат на одмор и ја поддржуваат економијата. БиХ е многу слична со Македонија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − one =