Проф. Бојаџиев: Само агресивно и инвестициско трошење може да ја повлече македонската економија напред

You must need to login..!

Опис

најтешкот е во овој период, што сериозно и негативно влијае во економијата. И во најдобар случај да се вратиме на нула, што би бил огормен успех, сепак розово нема да биде биде, изјави во Утрински брифинг проф. др. Марјан Бојаџиев.

Според Бојаџиев кај нас финасискиот плафон е пробиен и прашањето е како тој ќе се троши.

-Задолжувањето секаде се проби и да бидам искрен се покажа капацитетот и успешноста на ЕУ. Сервисирањето на задолжувањето ќе трае подолго, но проблемот е во кумулирањето и намената на задолжувањето. Мене ако ме прашате, Македонија треба да се задолжува само за една работа – за изградба на инфраструктура и нормално за ситуација вонредна како што беше оваа година. Ние историски гледано имаме годишен буџет, каде што 300 милиони одат во јавна потрошувачка но без некоја значајна промена. Прашањето е колкав економски раст ќе имаме, ако тој е брз се ова може да се искомпензира во разумно време, ако не, ќе трае подолго, изјави во Утрински брифинг проф. др. Марјан Бојаџиев.

Мислам дека првата фаза на мерки, онаа ургентната во април беше одлична. Потоа имавме сет на мерки кои се прилично во ред, стандардни. Она што се прави секаде во свет се примени кај нас. Но кај нас кризата не погоди во една лимбо зона и во тој период ќе бевме посреќни доколку имаше ефектуирање на инвестиции. Затоа би апелирал да бидеме агресвни, бидејќи само инвестициско трошење може да ја повлече економијата, смета Бојаџиев.

Целиот разговор со проф. д-р Бојаџиев погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 3 =