Проф. Бојаџиев: Македонија треба да се развива како мегалополис

You must need to login..!

Опис

Македонија треба да се развива како мегалополис, односно цела земја како еден град што подразбира јавната администрација од Скопје да се пресели во други градови. На таков начин ќе се намали иселувањето од државата и ќе се зголеми средната класа, смета професорот Марјан Бојаџиев од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

-За да функционира еден голем урбан мегалополис од клучно значење вложувањето во инфраструктурата, вели Бојаџиев.

За идејата „Македонија мегалополис“ мора да се направи патната инфраструктура. Тоа би чинело 10 годишни буџетски дефицити или да се покрие со европски пари. Македонија надвор од Скопје е во фаза на исчезнување и додаде дека само во главниот град има позитивен демографски прираст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 19 =