Проф. Атанасов: Грешка или избрзано е интегрирањето на историјата во рамките на друг предмет – особено во оваа фаза од развојот на државата

You must need to login..!

Опис

Внимателно ја гледав презентацијата од МОН. Се работи за крупна промена. Направен е обид да се поместат работите и да се направи чекор напред во наставниот план за основно образование. Може да се види дека се вклучени некои од елемените за кои со години наназад зборувавме дека се потребни, дека се слаби точки.

Работите од страна на креаторите на образованието конечно се разгледуваат во една развојна функција во споредба со претходно застарениот модел. Мене лично ми се допаѓа интегрирањето на предмети и содржини, особено во сродните научни подрачја, како природните науки. Добро е намалувањето на бројот на предмети од 13-14 на 10, конкретно во повисоките години во основното образование. Добро е што се истакнува личниот и социјалниот развој на учениците. Продолжениот престој во училиште треба да се искористи за децата тама да учат заедно со наставниците. За поздравување е што ќе започне похрабро и дигитализацијата како процес”, смета Атанасов.

Но поранешниот министер за образование главните пропусти и слабости ги гледа во областа на општествението науки. Смета дека малку е направено во областа социологија и економија, како и историјата како хуманистичка наука да биде интегрирана со друг предмет, особено во време кога државата е принудена и исправена пред предизвик да се бори за сопствениот идентитет.

Од презентацијата јас не видов дека нешто социолошко ќе се изучува, исто и од економијата. Значи немаме решение за општествените науки. Веројатно е грешка или е избрзано интегрирањето на историјата во рамките на друг предмет, особено во оваа фаза од развојот на државата и нашата борба за идентитетот.

Историјата е хуманистичка дисциплина, но не е општествена наука. Уште посложено е прашањето за идеолошките елементи на нашите општествени науки. Одредени демократски вредности може евентуално да се усвојуваат преку предметот мајчин јазик, но во некоја следна фаза од реформата. Децата треба да се компетентни и да се снаоѓаат пред се во сродните научни области или предмети, јасно изразени и изградени, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Петар Атанасов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 8 =