Протугер: „Шанса за Центар“ го разбива партискиот клиентализам

You must need to login..!

Опис

Во „Шанса за Центар“ видов предизвик и се посветив да им помогнам во стекнување на идентитет на оваа опција. Дефиниравме кој сме ние како групација „Шанса за Центар“, ние сме три месеци а веќе освоивме тројца советници. Ги поставивме нашите цели, согледавме кои се нашите ресурси. Немавме многу финансиски средства за кампања како големите партии. Ние во оваа кампања влеговме да дадеме, а не да земеме, изјави за Утрински брифинг Ида Протугер.

Големите политички партии иако покажуваат некаква идеологија сепак мислам дека имаат проблем со тоа. Добив понуда од СДСМ да бидам потпретседател но ги одбив бидејќи живеам во Австрија. Јас и тогаш им пишав дека поширокото граѓанство бара достоинствен праведен живот, а членовите на партијата очекуваат работни места…

Ние ја нудиме големата слика, одржлив развој. Не може да добиваме понуда за еден денар во која инвеститорите гледаат свои можности за профит. Клиентелизмот е неодржлив на долг рок, тој се потхранува и од граѓаните и од политичките партии. Во центар има помалку клиентелизам, граѓаните се угушија од лоши политики и се одлучија да гласаат за една опција која има визија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − seven =