🎥📞 Промоција на „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ на Томислав Османли

You must need to login..!

Опис

Вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“.

Книгата што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени до нас преку грчката култура и писменост или создадени во неа.

Целта на оваа книга е на јасен и автентичен начин на младата читателска публика да ѝ се доближат најстарите приказни што се појавиле во мугрите на западната цивилизација. Зашто, „митовите се живите мечти дојдени од медитеранскиот дел на древниот свет во големиот современ свет – запечатени во културата и во колективното несвесно“. Со други зборови, колку и да се стари, овие приказни секогаш ќе останат „современи“ заради возбудливите настани и силните етички пораки во нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + 6 =