Промоции, награди и книжевни експерименти на Малиот новогодишен саем на книги

You must need to login..!

Опис

Од 24 до 27 декември, на влезот во Градскиот парк во Скопје по единаесетти пат се одржува Малиот новогодишен саем на книги. Работното време е од 10.30 до 16 часот. На саемот со свои изданија се претставуваат издавачките куќи: Темплум, Гаврош, Сказнувалка, Бегемот, Или-или, ПНВ Публикации, Бункер, Чудна шума, Слово и, по прв пат на овој традиционален саем – PMG Rekordings. Малиот новогодишен саем на книги се одржува по единаесетти пат, првпат на отворено поради ковид протоколите, сакам да нагласам дека сите мерки и протоколи ќе бидат почитувани за да посетителите и учесниците се чувствуваат безбедно.

Учествуваат 10 издавачки куќи и сите се коорганизатори, оваа година првпат правиме ваков тип на здружување како дополнителен мотив за издавачите. Саемот ќе понуди и богата културна програма која се состои од промоции, доделување награди од неколку конкурси овде во Градскиот парк, но и онлајн настани. Вчера имавме онлајн работилница за деца, која ја водеше Билјана Црвенковска, а денеска ја имаме промоцијата на книгата „Протест(и)“ од Златко Теодосиевски и Ацо Кондев, а веднаш птоа, во 12 часот имаме доделување на наградите за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите“, ќе гостува и поетесата Ана Голејшка, тоа ќе биде забавен настан бидејќи ќе се појави во улога на пророкувачка, така што имаме различни активности. Што се однесува до наградата „Новите“, таа се доделува по петанесетти пат и имавме одличен одзив бидејќи пристигнаа 25 ракописи, а задоволни сме и од квалитетот кој е се’ подобар.

Ваквите книжевни се многу важни, особено во овие услови кога имаме малку културни настани, кога ситуацијата е тешка за сите и на ово начин сакаме да го поттикнеме и творењето и да им дадеме мотивација на младите автори да создаваат и влез во македонската книжевна сцена“м вели за Утрински брифинг, Фросина Крушкаровска, уредник во „Темплум“. Во рамки на програмата на Саемот првпат ќе се додели и наградата од конкурсот за книжевна критика „Куса куса книжевна критика“. Крушкаровска рече дека одзивот на овој конкурс за критика не подолга од 100 зборови пристигнале 76 критики од 36 автори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × one =

<