Проф. д-р Бранимир Јовановиќ: Оваа Влада нема кредибилитет за прогресивно оданочување на богатите и профитерите

You must need to login..!

Опис

Целта на студијата беше неколку кратна. Првата цел беше да се истражи таа теза што е актуелна меѓу економиситите кои се заниимаваат со меѓунрадната економија, а тоа е дека по корна кризава ќе гледаме одредена преселба на капиталот, на пороизводството од делечните дестинации како Азија кон поблиски дестинации до западно-европските држави. Веќе во изминативе 10 години гледаме забавување на трендот на глобализација, односно селење на производството од Европа кон Азија, а второ со корона кризата тој начин, кога производството е лоцирано далеку па се транспортира до Европа е многу ризичен. Лани овој период немаше маски за заштита затоа што сите овие работи беа лоцирани во Кина и компаниите сфатија дека тој начин на производство е многу ризичен и сега се размислува производството да се пресели поблиску до европските држави. Третиот фактор е геоплитиката. Постојано гледаме тензии на релација САД-Кина, ЕУ – Кина, што ги влошува односите и е дополнителен фактор што води во оваа насока, изјави во Утрински брифинг, проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Првата цел на истражувањето беше да оцени дали навистина тоа е мит за кој што се зборува или навистина нешто што може да се случи. Втората цел на истражувањето беше дали ако тоа почне да се случува, селењето на производството, дали Западен Балкан може да излезе како победник. Третата теза беше што треба да направат земјите од Западен Балкан за да извлечат максимум од целата таа приказна.

Дали може да се случи селење на производството – одговорот е Да, може да се види таков тренд. Дали Западниот Балкан може да излезе од целата таа приказна – одговорот е дефинитивно Да, затоа што западно-балканските земји се многу блиску до Западна Европа. Што треба да направи Западен Балкан да излезе како победник од целата приказна – тоа е дека мора да се видат одредени промени во поглед на политиките за привлекување на странски инвестиции, односно не смее веќе да се оди со политиката ниски плати и ниски даноци.

Целиот раговор со проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × two =