Продуцентот Илиев открива: Ќе се снима ли филм за Тоше Проески

You must need to login..!

Опис

Има еден феномен со филмот за Тома Здравковиќ, луѓе чекаа да купат билети за премиерата. Ние имаме една огромна регионална легенда којз за жал рано почина, но предизвикува огромен интерес. Зошто никој не се зафаќа да сними филм, барем документарец?

-Знам дека имаше иницијатива да се работи документарен филм, а и јас пред некоја година почнав со некои подготовки. Пред две години почнавме да разговараме со Соња и Огнен Неделковски, а добивме и начелна согласност од семејството. Филмот е тежок процес, особено на оваа тема. Продуценти вон Македонија се заинтересирани и мислам дека сме на добар пат да го реализираме, изјави за Утрински брифинг продуцентот Дејан Илиев.

За каков буџет станува збор за еден ваков филм?

-Србија, Бугарија имаат голем пазар и се вложуваат сериозни пари во снимање. Тие веќе немаат ни доволно луѓе, па голем број луѓе од Македонија работат во Србија каде има триесетина продуцентски куќи. Најмалку два милиона евра се потребни за да се сними добар филм за Тоше Проески. Нема да може да се реализира само како македонски проект туку како копродукција.

Кој би го преставил Тоше?

-Размислуваме дали мора да личи или да знае да пее. Обично се инсистира да се најде некој кој ќе личи, но не е нужно, треба актерот да го долови карактерот на Тоше.

-Имме ние добри актери. Тука има една заблуда дека сите се родени за театар. Многу е важно што ќе му дадете на актерот како сценарио.

-Има нови таленти. Кого и да избереме, само ликот на Тоше ќе треба да се подготвува една година.

Има ли Македонија потенцијал за тип на серии како турските кои стасаа до ниво речиси како Холивуд?

-Како директор на Агенција за филм инсистирав да се воведат 3-5 филма годишно за да може да зборуваме за некаква кинематографија. Србија и во време на војна сними 8 филма. Турција извезува филмови. Тие имаат огромна продукција и можат да одржат ниво и да го прошират.

-Филмот има и многу странични последици за економијата. Во Србија имаат на 100 милиони годишно од странски филмови што се снимаат таму. Тоа влијае на туризмот.

Целиот разгвоор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × four =