🎥📞 Продолжува нестабилното време – Славчо со детална метео анализа

image

You must need to login..!

Опис

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, истиот особено долж повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо оболачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 27 степени.

Потоа и во следните неколку денови ќе се задржи доста нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 23 до 31 степен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − three =