Димовски: Штрајкот не е квиз во кој Владата е банкарот, а Јаким како Лила да вика понудата важи или не важи

You must need to login..!

Опис

-Синдикатите се актуелни на медиумската сцена, но има и причина за тоа, причината се кризите што се случуваат, а највеќе не погоди оваа воена криза. Навистина во овој момент треба да се помогне на работниците за да ја препродат оваа хиперинфлација што ни се случува и недостатокот на прехранбени продукти. Секој има право да го оствари штрајкот но мора да кажам – штрајкот не е авантура, она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓ треба да го изполниш. Тоа ветување да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив , изјави во Утрински брифинг Дарко Димовски, претседател на ССМ.

-Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се до вчера. Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк, вели Димовски.

-СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување.

Димовски смета дека ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така.

-Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавачот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми, вели Димовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nineteen − 17 =