Пренџов: Буџет кој се грижи за граѓаните ќе им помогне да ја надминат енергетската криза на долг рок

You must need to login..!

Опис

Амандманска расправа за буџетот се одвива во комисијата за буџет во Собранието, а на 9 декември ќе започне пленарната седница ии да се изгласа Буџетот за 2022 години кој тежи 4,4 милијарди евра. За власта ова е развоен буџет, а за позицијата ова е пат за банкрот на државата.

-Кога станува збор за бројките во буџетот тие може да се толкуваат различно. Ако се направи споредба со регионот, ние сме последни по раст на производство и животен стандард. Главните расходи во буџетот се плати на администрација и разни трансфери кои се можност за корупција. Нам ни треба реогранизација оти имаме енергетска криза. Ние, како опозиција бараме субвенција за граѓаните и бизнисот за електричната енергија, вели пратникот Љупчо Пренџов од ГРОМ за Утрински брифинг.

Тој предлага во буџетот да влезе субвенција на панели за производство на струја за граѓаните кои така ќе ги покријат своите трошоци, а вишокот можат да го продадат.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 1 =