Премиерот Спасовски за УБ: Инспекциите се на терен – никој не смее да профитира врз грбот на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Буџетот во овој момент е ликвиден. Сите набавки кои ги правиме, ги правиме во рамките на буџетите на министерствата. Сега за сега нема потреба од ребаланс, но тоа не е состојба која е исклучена, не само кај нас, туку кај сите. Бевме сведоци што рече и германскиот канцелар – дека и опасноста од огромно зафаќање на населението од Корона вирус е многу веројатно, но и дека буџетот е толку отворен што не размислуваат за својот дефицит. Во тој дел сме подготвени. Економскиот тим на владата прави анализи и во одреден момент ќе понудиме мерки и решенија за економијата за сите заедно да го пребродиме овој период.

Во реалниот сектор донесовме препораки дека треба да бидеме на висина на сопствената одговорност е повеќе од сигурно. Затоа во повеќе наврати апелирав до граѓаните да бидеме одговорни. Тука секако е бизнис заедницата опфатена, но од друга страна апелирам дека оваа состојба не е состојба на искористување. Но гледам дека во државата ни се случува и таква активност.

Пуштени се инспекциите на терен затоа што имаме состојба кога некој сака да ќари врз грбот, здравјето на граѓаните. Не сакам ни да замислам дека денеска може било која компанија да гледа низ призма на сопствениот профит.

Колку повеќе луѓето се загрижени за здравјето, па да ги качуваат цените на продуктите. Во овие услови кога сите се бориме за справување со состојбата никој не смее да профитира врз грбот на граѓаните, изјави во Утрински брифинг, премиерот Оливер Спасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + three =