Предности и маани од една изборна единица – квантитет контра квалитет, разговор со доц др. Кртолица

You must need to login..!

Опис

Изборните системи претставуваат многу комплексна работа за проучување и секоја промена кај нив, доведува до влијание врз развојот на партискиот и целокупниот политички систем. Моментално кај нас го применуваме пропорционалниот изборен модел, користејќи го Донтовиот метод за пресметка на мандати и дополнително државата е поделна на шест изборни единици. Не е тајна дека таквото решение оди повеќе во корист на поголемите политички партии. Донтовиот метод по автоматизам ги фаворизира поголемите полтички партии, и им дава повеќе простор при распределба на мандатите, а вториот битен момент е дека државата е поделена на шест изборни едници, па така малите политички партии кои имаат раштркани гласови низ сите шест изборни едници го имаат проблемот за постигнување на потребниот број на гласови за влез во Парламентот, изјави во Утрински брифинг доц. доктор Марко Кртолица од Правен Факултет „Јустинијан Први“.

Идејата за една изборна единица е токму тоа. Гласовите наместо да бидат раштркани во шест изборни единици ќе бидат сконцентрирани во една изборна единица. Таквото решение неминовно би довело малите политички партии самостојно да влезат во Парламентот, а со тоа големите политички партии би изгубиле определен број на претенички мандати во Собранието.

Секое решение кое се предлага во рамките на изборните системи има предности и слабости. Предноста за една изборна единица е што ќе овозможи влез на политчките партии самостојно во парламент, понудата побогата и преку тоа ќе се развие поквалитетна демократија. Но тука се раѓа сомнежот дали квантитетот ќе вроди со квалитетот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + 1 =